Кинезите полесно ќе доаѓаат на одмор во Македонија
Македонија ќе го олесни издавањето визи за групни патувања на кинески туристи во земјава за да ги привлече да дојдат и да ја посетат.
Визите ќе се издаваат во македонскиот конзулат во Пекинг, на барање на кинеските туроператори, само со список на патници. Тоа го овозможува Меморандумот за разбирање за олеснување при групни патувања на кинески туристи во Македонија што вчера го потпишаа министерот за економија Фатмир Бесими и амбасадорот на Кина Донг Чунфенг. Со тоа Македонија стана дел од земјите со кои Кина има потпишано протокол за олеснување на издавањето визи за групни патувања што довело до значајно зголемување на бројот на кинески туристи кај нив. – Очекуваме потпишувањето на Меморандумот да даде резултати во привлекувањето туристи од Кина и во иднина за неколку пати да се зголеми нивниот број во Македонија. Не велам дека тоа ќе се случи во текот на идната година, но се создава добра основа тоа да се случи во наредните години – рече Бесими. Во моментов Македонија годишно ја посетуваат по 260.000 туристи од странство.
{loadposition content9}