Ќе никнат ли шест бегалски кампови во Македонија?
Шефот на мисијата на УНХЦР, во Македонија, Мохамед Ариф, изјави дека Гевгелија, Струмица, Неготино, Петровец – Катланово, кумановско Черкези и Табановце се предлог локациите каде треба да има цврсти градби на центри за згрижување на 6.000 семејства или 30.000 бегалци, на подолг период, пренесува „Алфа“.

Ова веќе и било предложена на Македонија од страна на меѓународниот фактор, како вонреден план за справување со бегалската криза.
– Ние во УНХЦР изготвуваме план за нас за тоа како ние можеме да одговориме на предизвикот доколку има зголемен прилив на луѓе, од аспект на производи на непрехрамбени и прехрамбени поризводи. Се обидуваме од наша страна, но истовремено соработуваме со Владата и бараме од Владата да реализира план како да реагираме заеднички при непредвидливи ситуации, да одговориме на тој предизвик – вели Мохамед Ариф шеф на мисијата на УНХЦР.