Skip to main content

клиника за детски болести скопје

Клиниката за детски болести: Обезбедена „Трикафта“ за 126 пациенти со цистична фиброза

Oд оваа година вкупно 126 пациенти со цистична фиброза, на возраст над две години, кои ги исполнуваат медицинските критериуми, ќе имаат пристап до современата таргетирана терапија.
 |  инфодеск  | 
Трикафта

Од Клиниката за детски болести во Скопје соопштија дека современата модулаторна терапија „Трикафта“ е обезбедена за сите пациенти со цистична фиброза во Македонија кај кои постои соодветна медицинска индикација.

Oд оваа година вкупно 126 пациенти со цистична фиброза, на возраст над две години, кои ги исполнуваат медицинските критериуми, ќе имаат пристап до современата таргетирана терапија.

„Ова е значаен исчекор во третманот на цистичната фиброза во нашата држава“, велат од Клиниката за детски болести.

Инаку, „Трикафта“ е современа модулаторна терапија која го подобрува функционирањето на протеинот CFTR, чија нарушена функција е причина за цистичната фиброза. Клиничките испитувања покажале дека терапијата може значително да ја подобри функцијата на белите дробови и квалитетот на животот кај пациентите со соодветни генетски карактеристики.