Skip to main content

Кочани е “Град на културата 2012“

Предвидени се музички манифестации од сите жанрови, саеми на книга, детски драмски фестивали, поетски фестивал, изложби и новогодишни концерти.

 |   | 
Kocani
Кочани
На конкурсот за организирање на оваа манифестација, која годинава се одржува по деветти пат, се пријавиле повеќе градови и општини, меѓу кои, Кочани, Крушево, Крива Паланка, Тетово, Струмица, општина Чаир, Ресен, Неготино и Битола. Стручната комисија на Министерството за култура донесе одлука Кочани да биде годинашниот организатор на “Град на културата“.
Kocani
Како што соопшти Министерството за култура, проектот на Општина Кочани содржи конкретни квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности на културата. Во рамки на манифестацијата, анимирани се сите установи и здруженија на територијата на општина Кочани, почнувајќи од Центарот за култура “Бели Мугри“, библиотеката “Искра“, здружението на граѓани “Мактеон“ и други. Во рамки на програмата, вклучени се и сите постоечки фестивали и манифестации кои ќе бидат реализирани под еден белег, Град на култура 2012 година. Предвидени се музички манифестации од сите жанрови, саеми на книга, детски драмски фестивали, поетски фестивал, изложби и новогодишни концерти.

Покрај централното градско јадро, во манифестацијата ќе бидат вклучени и околните општини Облешево, Зрновци, Македонска Каменица и Виница.

Досега домаќини на ова случување, кое придонесува за создавање рамномерен културен развој и достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, беа Радовиш, Битола, Прилеп, Куманово, Штип,  Велес, Кавадарци и Гевгелија.

{loadposition content9}