Кочанчани во очајна битка со огнот за да ги спасат домовите
Во кочанската болница десетина лица побарале лекарска помош поради отежнато дишење од чадот, но нема тешко повредени, јави дописникот на МИА од Кочани.
Во кочанската болница десетина лица побарале лекарска помош поради отежнато дишење од чадот, но нема тешко повредени, јави дописникот на МИА од Кочани.
Дописникот јавува и дека пожарот поради ветерот се шири во правец на селото Тркање, а луѓето кои интервенираат таму се сконцентрирани да го спречат ширењето на огнот кон складот на „Макпетрол” и една приватна бензиска пумпа. На тоа место има и објекти од лесната индустрија.
Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани максимално се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.
Премиерот Зоран Заев, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ја напуштија централната манифестација на Мечкин Камен и се упатија кон Кочани. Заев, како што потврдија од Владата за МИА, Заев е во постојана комуникација е со ЦУК, со општинските власти и со МВР.
Истовремено, пожар зафати шума во атарите на планинските села Новоселани и Костин Дол, а поради конфигурацијата на теренот отежната е интервенцијата за негово гаснење. Како што претходно информираше Центарот за управување со кризи, пожарот во Костин Дол бил предизвикан од паднат далекувод.
Во локализарањето на пожарите е вклучено и месното население, а како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани.
Претседателот Стево Пендаровски претходно соопшти дека Армијата е вклучена во гаснење на пожарите и дека во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба.
Тој кажа дека е одобрил и употрена на воздухопловите, кои денеска веќе интервенирале во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани.