Кои се најкорумпираните професии во Македонија?
Истражувањето „Мислењето на граѓаните за корупцијата во Македонија“, спроведено во 33 општини од страна на професори од Факултетот за безбедност во Скопје, во периодот од 8 до 20 јануари годинава, го покажа распространетото верување меѓу граѓаните – најкорумпирани се политичарите и судиите.

Потоа на листата следуваат вработените во царината, носителите на државните функции, државните службеници, инспекциските органи, обвинителите, полицајците, лекарите и универзитетските професори.
„Резултатите покажуваат дека меѓу граѓаните се уште е високо нивото на претстава за присуството на корупцијата во земјава и за корумпираноста на определени професии и институции“, појасни проф. д-р Цане Николовски, раководител на истражувачкиот тим.
Испитаниците сметаат дека граѓанинот најмногу е изложен на ризикот од корупција кога бара работа или напредување, кога сака да ги избегне сообраќајните и финансиските прекршоци, кога сака да оствари имотна добивка или да се забрза постапката надвор од процедурата, а потоа доаѓаат ситуациите кога треба да се запише на факултет.
Грашаните што учествувале во испитувањето сметаат дека корупцијата може да се спречи со законски измени и построги санкции.
{loapdosition content9}