Кој е гладен, подобро да не гледа!
Носечкиот столб во рекламата опишува како можете да поминете 150 километри низ Македонија за најмалку триесет дена и при тоа да не останете со празен стомак благодарение на богатата македонска кујна.
„Македонија, мала земја – голема храна. Македонија, вечна!“. Ова е слоганот за најновиот видео материјал кој ја промовира Македонија со преубавите национални јадења. Не можете да останете рамнодушни и „веднаш ви проработува стомакот“ веднаш штом ќе го видите видео материјалот исполнет со прекрасните специјалитети препознатливи за нашето подрачје.
Во видео материјалот како понуда за јадење добивате преубави македонски сирења, македонска тава, охридската пастрмка, традиционалното гравче тавче, познатата штипска пастрмајлија, а секако тука е и преубавата македонска скара и уште многу други специјалитети.
Носечки столб на содржината е тоа како можете да поминете 150 километри за најмалку триесет дена и посочува дека иако Македонија е мала сепак голема е кога станува збор за гордост, а и има зошто да биде горда.
За секој поминат ден низ нашата земја понудено е различно јадење на различни локалитети. Видеото веќе е објавено на Youtube. Тоа дава преубава слика за Македонија и ја презентира во вистинското светло.
За да се уверите во сето ова, најдобро е да го погледнете видео материјалот кој ние ви го донесуваме.
{hwdvideoshare}id=1001|width=300|height=225{/hwdvideoshare}
{loadposition content9}