Skip to main content

Која е вистината за бродот Илинден

Одговорот на прашањето „ Што се случи со бродот Илинден“, ќе следи по денешната експертиза која ќе ја направат стручни лица од земјава, Хрватска и Франција.

Ilinden
Илинден

Одговорот на прашањето „ Што се случи со бродот Илинден“, ќе следи по денешната експертиза која ќе ја направат стручни лица од земјава, Хрватска и Франција.

Што се случи со бродот „Илинден“ на 5-ти септември? Одговорот на ова прашање треба да го даде финалното вештачење на бродот, кое според најавите ќе биде направено денеска.
Експерти од земјава, од Хрватска и од Франција, ќе ја тестираат издржливоста на бродот. За таа цел тој ќе биде оптоварен со тежина, приближно еднаква на онаа што ја имал кобното утро на 5-ти септември, кога од засега непознати причини бродот потона во водите на Охридското Езеро кај Елешец , при што животот го загубија петнаесет туристи од Бугарија.
Пред околу шест недели професорите од Машинскиот факултет во Скопје, го испитуваа техничкиот дел на бродот Илинден. Беше  проверена рамномерноста на трупот на бродот, дебелината на лимот, а беа направени и специјални ултразвучни мерења. Исто така делови од машинскиот дел на бродот беа однесени на специјални испитувања во лабораториите во Скопје.
Засега единствениот обвинет за потонувањето на „Илинден“ е капетанот на  бродот Сотир Филески, кој од 30 октомври  е во домашен притвор. Резултатите од вештачењето, ќе треба да покажат дали обвинителен акт ќе биде покренат и против други лица.

Ilinden










{loadposition content9}