Skip to main content

Колку пари им носи стајлингот на вахабистите

Секој ново регрутиран припадник на вахабистичкото движење во Македонија може добро да профитира од својот изглед.

vahabisti
вахабисти

Секој ново регрутиран припадник на вахабистичкото движење во Македонија може добро да профитира од својот изглед.

vahabistiЗа носењето на карактеристичната брада „тарифата“ е сто евра, додека поткастрените ногавици на панталоните чинат 200 евра, објаснуваат познавачите на верските услови, пренесува Телеграф.мк.

Финансиери на ваквиот изглед на вахабистите најчесто се странски центри на име на донации на локални верски невладини организации. Според експертите, цената неколкукратно може да се зголеми доколку и жените во една фамилија се придржуваат на строгите вахабистички норми. Тие треба да носат никаб, традиционална црна ткаенина со која го прикриваат лицето и можат да им се видат единствено очите.
Оливер Андонов, професор по безбедносни студии за Телеграф вели дека просечната тарифа за приклучување на вахабистите кај нас е 200 евра и дека оваа појава е стара неколку години. Тој вели дека луѓе од сиромашни средини најчесто прифаќаат да станат дел од ваквите групи.

– Вахабистите кај нас најчесто се финансирани од Саудиска Арабија преку разни хуманитарни организации. Според мене, проблемот е во поставеноста на ИВЗ, која е многу различна од, на пример, МПЦ. Таму постои двојна власт, па реисот мора да ја има поддршката и од лицето кое е надлежно за одредена џамија, вели Андонов.

Стојан Славески, професор и експерт по безбедност, вели дека Македонија е погодна почва за вакви појави ако се знае големиот број на муслимани што живеат во земјава и дека мора да се работи на случајот во една поширока рамка и со вклученост и на другите држави од регионот.

vahabisti– Освен во Македонија, ваквите вахабисти ги има и во Косово, Србија и во Босна и Херцеговина. Кај нас конкретно луѓето се врбувани од центри и џамии кои не се под контрола на ИВЗ. Мерките за превенција мора да се разберат многу пошироко и тука главна улога може да одигра токму Исламската заедница и да им укаже на луѓето за опасноста во која може да се најдат. нагласува Славески.

Покрај вахабистите, во Македонија во последно време е забележително уште едно крило на радикалниот ислам, а тоа се салафистите. Нивната цел е рушење на угледот на ИВЗ и воспоставување контрола над што поголем број џамии во Македонија. Неофицијално, надвор од контрола на ИВЗ се дури три џамии во Скопје, кои важат за собиралиште на радикалните групи.

Нивното мото е тој што донира пари за изградба на една џамија, тој ја контролира. Голем дел од македонските државјани што загинаа во Сирија биле следбеници на салафизмот. Нивната идеологија познавачите ја опишуваат како изворно толкување на исламот блиско до вахабизмот, односно како секта со сопствено толкување на верските закони.

{loadposition content9}