Skip to main content

Светскиот одбор за злато

Колку тежат златните резерви на Македонија

Лидер по резерви на злато во регионот на Западен Балкан е Р. Србија. Македонија е втора.
 |  инфодеск  | 
Златни резерви

Србија со 38,5 тони злато е убедлив лидер по резерви на злато во регионот на Западен Балкан.

На второ место е Македонија со 6,8 тони злато, според податоците на Светскиот одбор за злато, потоа Словенија со 3,7 тони, Албанија со нешто повеќе од три тони, БиХ со 2,7 и Хрватска со два тона.

Црна Гора не е на таа листа, но Министерството за финансии на таа земја наведува дека резервите се 1,2 тони. Како што објасни Министерството за финансии, Црна Гора го добила златото во процесот на сукцесија на имотот на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) и Сојузна Република Југославија (СРЈ),.

Најмногу резерви на злато во светот имаат САД од 8.133 тони. Втора на листата е Германија со 3.355 тони, а на третата и четвртата позиција се Италија и Франција со помалку од 2.500 тона. Петта е Русија со 2.298 тони, а шеста Кина со 2.010 тони.