Skip to main content

Комисија за спречување и заштита од дискриминација

Комисијата за заштита од дискриминација ќе го тужи МОН поради недостигот на учебници

Од вкупно 123 чебници , на 01 септември недостигаа 46 што е една третина од потребните учебници во образовниот процес во земјава.
 |  инфодеск  | 
Учебници

Поради недостигот на учебници, деневовие ќе биде поднесена тужба против државата односно  министерството за образование  Тужбата ја поднесува Комисијата за спречување и заштита од дискриминација а ја изработува Македонското здружение на млади правници.

Одлуката е донесена поради повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема група ученици од основното образование, извршена со необезбедување учебници по секој предмет и на сите јазици на кои се изведува наставата во задолжителното деветгодишно образование.

„Ќе поднесеме пред граѓански суд тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес заради недостиг на учебници. Она што го констатиравме во своето работење. Во тој случај Комисијата  е една странка од спорот и започнува со стратешко застапување на интересите на учениците. Нивен интерес е да добиваат квалитетно образование, а тоа значи учебник по секој наставен предмет во секое одделение и на секој јазик на кој се одвива наставата”, изјави Весна Бендевска од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Весна Бендевска

Од вкупно 123 учебници , на 01 септември  недостигаа  46  што е една третина од потребните  учебници во образовниот процес во земјава.

„Комисијата е експертско тело кое утврдило дека во случај кога не постои учебник како основно средство за изведување наставно обазовен процес, што е должна државата да го обезбеди се наоѓа во ситуација да нема еднаков пристап до квалитетно образование во споредба со учениците кои ги имаат учебниците. Висината на прекрошкот ќе го утврдува судот”, додава Бендевска.

Драстично е зголемен бројот на преставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Само годинава заклучно со септември поднесени се 450 преставки од граѓани и здруженија.

Од формирањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација до денес поднесени се вкушно 850 преставки по разни основи.

Новинар Соња Рилковска