Skip to main content

донација ковид центри

Комодита донираше душеци и перници

Comodita Home денес донираше 160 душеци и 160 перници кои ќе се користат во Ковид Центрите низ Македонија.

 |  инфодеск  | 
Comodita Home, најголемиот малопродажен ланец за производи за домот, во рамки на својата хуманитарна кампања „Секој сон е важен“ на 02.03.2022 година, во 11 часот, донираше 160 душеци и 160 перници кои ќе се користат во Ковид Центрите низ Македонија.Донацијата беше предадена пред ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија Скопје од страна на претставникот на Comodita Home, г-дин Харитон Гаџоски, а ја прими д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија и координатор на ковид центрите.На средбата, пред присутните новинари се обрати г-дин Харитон Гаџоски, претставник од Comodita Home кој истакна:
Почитувани медиуми, Ви благодарам на присуството. Повеќето од Вас знаат дека компанијата Comodita Home почна една своја хумана приказна минатата 2021 година под мотото „Секој сон е важен“. Нашата кампања имаше една многу човечка нишка, а тоа е дека без разлика на возраста, финансиските можности и условите околу нас, времето за сон, одмор е скапоцено и чини здравје. Дониравме за дечињата на Детска Клиника Козле, дониравме душеци и перници за највозрасните граѓани во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“ – Скопје, Градската Општа Болница-Хирургија Св.Наум Охридски, ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија, но и Црвен Крст на Град Скопје. Не ги заборавивме ниту социјално загрозените граѓани од сите општини, детски домови и буквално бевме присутни секаде каде што требаше да се дејствува. Затоа и денес сме тука и особена чести ми е што Comodita Home преку оваа своја донација се вклучува во борбата со тешката пандемија на Ковид 19.
„Месец март е наш роденденски месец во кој компанијата го слави својот 7-ми роденден и неизмерно ми е драго што еве баш на стартот на нашата седма година ја правиме оваа донација поточно наш подарок од 160 душеци и 160 перници низ Ковид центрите во државава. Со ова би сакал да најавам и низа нови хумани и општествено одговорни проекти како што правевме и досега во изминативе години. Ве благодарам, додаде Гаџоски.Со овој потег, Comodita Home најавува дека нема да отстапува од својата хумана мисија и во 2022 година и ќе биде и понатаму пример за сите останати компании со своето дејствување за општо добро.