Конфучие институтот од септември во Македонија
На Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ наскоро ќе биде отворен конфучио Институт откакко детаљите беа договорени меѓу скопскиот Универзитет и Универзитетот во Ченгду, Кина.
На Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ наскоро ќе биде отворен конфучио Институт откакко детаљите беа договорени меѓу скопскиот Универзитет и Универзитетот во Ченгду, Кина.
Како што информираа од УКИМ, висока делегација на кинескиот универзитет престојуваше во петдневна посета на УКИМ при што беа одржани неколку работни состаноци.
– Во присуство на претставник на Амбасадата на Република Кина во Република Македонија беше потпишан Меморандум за третата фаза за отворање на Институтот помеѓу Универзитетот во Ченгду и УКИМ. Со овој Меморандум се утврдени сите завршни активности за отворањето на
Конфучие Институтот во Македонија. Исто така, конституиран е мешовит Управен одбор на Конфучие Институтот, а за негов претседател е избран ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски – се вели во информацијата од УКИМ.
Отворањето на Конфучие Институтот се предвидува да се одржи во текот на септември оваа година.
{loadposition content9}