Коњановски на неформалниот состанок на НАТО
Македонскиот министер за одбрана, Зоран Коњановски од денеска учествува на неформалниот состанок на НАТО во Истанбул.
Македонскиот министер за одбрана, Зоран Коњановски од денеска учествува на неформалниот состанок на НАТО во Истанбул.
На дводневниот состанок во Истанбул, што започна во четврток, учествуваат министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО и на државите кои не се дел од Алијансата, а кои даваат свој придонес кон Меѓународната мисија за поддршка на мирот во Авганистан (ИСАФ).
На маргините на состанокот, министерот Коњановски треба да оствари и одделни средби со своите колеги.
Средбата на министрите е фокусирана на напредокот во безбедноста на Авганистан и Косово, како и за трансформација на одбраната во овие земји.
Инаку, ова претставува редовна координација на активностите што меѓународната заедница ги презема за достигнување на безбеден, просперитетен и самоодржлив Авганистан.
Оваа вест е преземена од:
http://www.makfax.com.mk/#_tools/article/98568/view
{loadposition content9}