Координација во Собрание за локалните избори во понеделник
Мандатот на градоначалниците и на советниците истекува во понеделник на 15 мај
| инфодеск | Македонија
Претседателот на собранието Талат Џафери за понеделник закажа координативна средба меѓу претставниците на сите парламентарни партии.
Се очекува една од темите на разговор меѓу координаторите да биде и датумот за локалните избори, а доколку биде постигнат договор можно е тој веднаш да биде ставен во процедура.
Мандатот на градоначалниците на општините и на општинските совети истекува во понеделник на 15 мај, а Џафери вчера ги повика политичките партии итно да разговараат за оваа проблематика за да не се случи блокада на општините.