Skip to main content

Камп за бесплатни превентивни прегледи

Користи срце за секое срце

По повод Светскиот ден на срцето во организација на НВО Здрава Иднина ќе се одржи камп за бесплатни превентивни прегледи и консултации, во соработка со кардиолозите од клиниката Жан Митрев.
 |  инфодеск  | 
Користи срце за срце

Под мотото „Користи срце за секое срце”, на Светскиот ден на срце во четврток на 29 септември 2022 година, НВО ЗДРАВА ИДНИНА во соработка со лекарите кардиолози од клиниката Жан Митрев, ќе организираат камп за бесплатни превентивни прегледи и консултации.

Ги покануваме граѓаните да го прифатат овогодишниот предизвик за подобрување на сопственото кардиоваскуларно здравје и да не посетат од 11 до 13 часот на платото на тревникот пред болницата. Ги покануваме сите медиуми преку проследување на настанот да дадат свој придонес во подобрување и популаризација на здравиот начин на живеење на населението – велат од здружението за превенција од кардиоваскуларни заболувања, НВО ЗДРАВА ИДНИНА.