Skip to main content

Автопатска делница

Ковачевски на увид на градежни работи на тунелот Кичево-Охрид

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид почна пред осум години, а според последните најави ќе биде изграден до крајот на 2023 или почетокот на 2024 година.
 |  инфодеск  | 
Димитар Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе направи увид на градежните работи на тунелот Кичево – Охрид на автопатската делница во изградба во должина од 57 километри.

Покрај премиерот Ковачевски присутни ќе бидат и првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид почна пред осум години, а според последните најави ќе биде изграден до крајот на 2023 или почетокот на 2024 година.

Инвестицијата изнесува 598 милиони евра, а според последните официјални информации вкупниот прогрес на градежните работи изнесува над 72 проценти.