Skip to main content

42 Генерална конференција на УНЕСКО

Ковачевски: Зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот регион е императив

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на официјалната посета на УНЕСКО, рече дека за Македонија е императив да го зачува интегритетот и автентичноста на охридскиот регион. На обраќањето на 42-та Генерална конференција на УНЕСКО тој потенцира дека засегнатите страни треба да се сплотат и да делуваат веднаш за имплементација на итните мерки.
 |  Маја Савиќ  | 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на официјалната посета на УНЕСКО, се обрати на 42-та Генерална конференција на УНЕСКО што се одржува во седиштето на Организацијата, во Париз.

Соработката на Македонија со УНЕСКО започна во 1979 година кога нашиот  бисер Охридскиот регион влезе под закрилата на организацијата  и денес со гордост го вбројуваме во 39те природни и културни светски наследства, кажа Ковачевски.  

„Ова за нас значи континуитет, богатство но и обврска да го чуваме. Ниту еден друг интерес не смее да биде поголем од заложбата да се сочува и заштити ова и наше и светско природно и културно добро. Тоа им го должиме на претците и на идните генерации.“ – кажа Ковачевски.

Охридскиот регион е магичен сплет на природа,историја, религија, уметност и писменост, рече Ковачевски. Во него ќе најдете преку 2500м2 фрески на византиската уметност во која учествувале и локлани македонски мајстори, над 800 скапоцени икони создавани меѓу 11 и 14-тиот век, антички мозаици, османлиски џамии, колекции на старословенски, визанстиски и османлиски ракописи наброја премиерот додавајќи дека сето тоа е распослано околу едно од најстарите и најубави езера во Европа кое во себе крие голем број ендемски и ретки слатководни видови флора и фауна.

„ Оттука наш имератив е да го одржиме интегритетот и автентичноста на охридскиот регион во соработка со центарот за светско наследство на УНЕСКО и заедно со Р.Албанија да бидеме примерна добрососедска соработка и во заштитата на ова заедничко и универзално добро. “ – посочи премиерот.

На 45-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО која се одржа во септември на која беше разгледан  извештајот за состојбата со заштитата на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион Комитетот ги уважи напорите на двете земји за зачувување на престижниот статус за светско наследство но истовремено покрај постојните препораки добија и нови обврски за намалување на факторите кои негативно влијаат на охридскиот регион.

„Од нашата натамошна засилена соработка ќе зависи имплементацијата на мерките за рехабилитација на регионот. Темелите за неутрализирање на утврдените и потенцијалните закани се поставени, но потребата за заштита на ова добро бара голема мобилизација за истото да ја зачува својата исклучителна универзална вредност како имплементација на итни мерки кои ќе ги зближат сите засегнати страни и ќе се преземат веднаш. Од оваа говорница повикувам на сплотеност во делувањето на секоја власт. “ – кажа Ковачевски.

Заштитата на Охридскиот регион се најде и во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во кој се нотира дека не се доволно имплементирани препораките на УНЕСКО . Инаку денешната посетата на премиерот Ковачевски е прва посета на македонски премиер на УНЕСКО.