Краен рок за поднесување Завршна сметка е утре
Сите правни лица – резиденти на РМ кои остваруваат добивка од вршење на дејност во земјата и странство или сте постојана деловна единица на странско правно лице која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РM, имаат обврска најдоцна до 28 февруари 2014 година да поднесат Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи до УЈП.

Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (образец “ДБ“) немаат обврска да поднесат правните лица кои работат согласно Законот за сметководство на непрофитните организации, односно водат сметководство согласно Правилникот за сметководството на непрофитните организации и притоа вкупната вредност на имотот или годишниот приход е помал од 2.500 евра во денарска противвредност.
По исклучок од горенаведениот рок – 28 февруари 2014 година, ако Годишната сметка до Централниот регистар ја поднесете во електронска форма (задолжително или доброволно), Даночниот биланс за оданочување на непризнаени расходи и Даночниот биланс на вкупен приход до УЈП може да го поднесете најдоцна до 17 март 2014 (понеделник).
{loadposition content9}