Криел дрога во гаќи, полицајците пикнале рака и таму
Скопјанец се обидел да прошверцува 571 таблета екстази криејќи ги до своите гениталии во пластична кеса. Полицајците на Ќафасан му ги пребарале гаќите и му ја нашле дрогата.
Скопјанец се обидел да прошверцува 571 таблета екстази криејќи ги до своите гениталии во пластична кеса. Полицајците на Ќафасан му ги пребарале гаќите и му ја нашле дрогата.
22-годишен Скопјанец е приведен на граничниот премин Ќафасан кај Струга откако преку граничниот премин се обидел да прошверцува таблети екстази. Полицијата го открила кога го претресла младиот скопјанец и 4-цата сопатници кои патувале со него во Фолксваеген Венто.
За да ги пренесе преку граница, осомничениот смислил оригинална идеја ги спакувал во пластична кеса и ги сокрил до гениталиите в гаќи. Но упорните полицајци ја ставиле раката и на тоа место и ја откриле дрогата.
Во пластичната кеса имало вкупно 571 таблета (438 биле зелени, останатите во бела боја), на сите имало ознака СК. Осомничениот рекол дека сакал да ги носи во Швајцарија за своја употреба и дека ги купил во главниот град Скопје.
Уапсените и случајот се предадени на натамошна постапка во струшката полиција.
{loadposition content9}