Skip to main content

Антикризни мерки

Кривични пријави за трговците кои не го почитувале замрзнувањето на цените

КАМ, Веро, Кипер, Стокомак, Тинекс се дел од маркетите кои ја прекршиле владината одлука, чии имиња јавно ги кажа Министерот за економија, Крешник Бектеши
 |  инфодеск  | 
Прехранбени производи

Кривични пријави за трговците кои не ги почитувале владините одлуки за замрзнувањето на цените и за изложување на залихите во продажба до 70%, најави Министерот за економија, Крешник Бектеши.
Во текот на вчерашниот ден биле оземени над 15 тони овошје и зеленчук од страна на надлежните институции, пришто поднесени се прекршочни пријави и за управителите на Кванташки пазар. Казни има и за увозници на овошје и зеленук, како и компании кои се занимаваат со малопродажба, посочи министерот.

Бектеши ги обелодени и имињата на некои од поголемите маркети кои ја прекршувале владината одлука и продавале по повисоки цени од утврдените и не изложувале производи во продажба како што се КАМ, Веро, Кипер, Стокомак, Тинекс.

„Во петок јавно ќе се покренат кривични постапки“- кажа Бектеши.

Овошјето и зеленчукот што вчера инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) го запленија од нерегистрираните трговци на Кванташкиот пазар, е донирано во установи и болници каде што истото е најнеопходно, соопштија од Агенцијата за управување со одземен имот по вчерашната заедничка акција со ДПИ, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи.