Skip to main content

Крсте Бадаровски еден од кандидатите за титулата „Пијанист на годината“ во Прага

Македонскиот пијанист Крсте Бадаровски влезе во финалето на натпреварот „Пијанист на годината“, што се одржа во хотелот Босколо во Прага на 30 март 2014 година.

krste badarovski
крсте бадаровски

Македонскиот пијанист Крсте Бадаровски влезе во финалето на натпреварот „Пијанист на годината“, што се одржа во хотелот Босколо во Прага на 30 март 2014 година.

krste badarovskiВо финалната рунда од натпреварот учествуваа уште 4 други пијанисти од Чешката Република. Крсте Бадаровски го освои четвртото место во финалето.

Инаку, Крсте Бадаровски ги започнал своите музички студии во Македонија, а потоа дипломирал на Прашкиот конзерваториум. Живее и работи во Чешката Република, финалист е на повеќе музички натпревари, а воедно и учител по пијано.

Секогаш кога имам прилика со многу љубов изведувам дела на македонски композитори, но и мои композиции. често ја изненадувам странската публика со интересни музички дела од моите омилени македонски композитори – Властимир Николовски, Томислав Зографски, Тома Прошев, Тодор Скаловски но и на многу други, изјави во интервју Бадаровски.

{loadposition content9}