Крштевките и венчавките, „најефтини“ во МПЦ
Иако се работи за православни цркви што дејствуваат врз исти канонски принципи, сепак постојат разлики. Во Украина, Грција и во Србија постои обичај, како што велат верниците, да се награди свештеникот што врши крштевка или венчавка, пишува „Нова Македонија“.
Иако се работи за православни цркви што дејствуваат врз исти канонски принципи, сепак постојат разлики. Во Украина, Грција и во Србија постои обичај, како што велат верниците, да се награди свештеникот што врши крштевка или венчавка, пишува „Нова Македонија“.
Верниците што сакаат да направат венчавка, крштевка или, пак, погреб нема да бидат вратени ако немаат пари да платат. Но во најголем број случаи тие треба да им платат на свештениците за извршениот верски обред. Цените се различни во секоја црква, односно секоја епархија има различен ценовник, според кој им наплаќа на верниците за црковните обреди. Вака свештениците на Македонската православна црква-ОА објаснуваат како се определува цената и колку таа изнесува.
Инаку, владиците на МПЦ утврдија дека оваа година е намален бројот на крштевки и на венчавки за десет отсто за разлика од претходните години.
Верниците сепак нагласуваат дека се скапи цените за верските обреди. Сметаат дека економските стандарди не им дозволуваат да дадат од 50 до 100 евра за крштевка или за венчавка.
Слична е состојбата и во преостанатите православни цркви во соседните земји. Но иако се работи за православни цркви што дејствуваат врз исти канонски принципи, сепак постојат разлики. Во Украина, Грција и во Србија постои обичај, како што велат верниците, да се награди свештеникот што врши крштевка или венчавка.
Сепак, црковните обреди во Македонија од страна на МПЦ-ОА се меѓу поевтините со оглед на просечните примања во нашата земја.
Досега неколкупати апелирале дека државата има проблем со наталитетот, а истото тоа постојано им го укажуваат и на верниците што ги посетуваат храмовите и редовно одат на литургиите. Македонските владици ги собираат искуствата од другите цркви, па чекорите што ги спроведуваат се по примерите на Руската и на Бугарската православна црква.
{loadposition content9}