Skip to main content

Не отворајте сомнителни СМС пораки за поврат на ДДВ

ОД УЈП апелираат граѓаните да внимаваат и доколку добијат ваква порака, ДА НЕ ГО ОТВОРААТ ЛИНКОТ и да не внесуваат лични, банкарски или други чувствителни податоци.
 |  инфодеск  | 

УЈП ја информира јавноста за појава на лажни СМС пораки за поврат на ДДВ.

-До граѓани пристигнуваат лажни SMS пораки во име на Управата за јавни приходи (УЈП), со известување дека „даночниот поврат е подготвен“ и со приложен линк, алармираа од Управата.

Апелираат граѓаните да внимаваат и доколку добијат ваква порака, ДА НЕ ГО ОТВОРААТ ЛИНКОТ и да не внесуваат лични, банкарски или други чувствителни податоци. Станува збор за порака која може да биде обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци.

-Ги повикуваме граѓаните сите информации поврзани со УЈП да ги проверуваат исклучиво преку официјалните канали на Управата за јавни приходи, односно преку официјалната веб-страница www.ujp.gov.mk, официјалните е-услуги и официјално објавените контакт-адреси и телефонски броеви. Официјална е-пошта: info@ujp.gov.mk Инфо центар: 0800 33 000 (само од фиксни оператори) / 02 3253 200, Официјална веб-страница: www.ujp.gov.mk, порачаа од УЈП.