Лековите без рецепт отсега ќе може да се купат и во супермаркет и бензиска пумпа
Лековите без рецепта, како што се аналгин и андол, освен во аптека да се продаваат во супермаркет и на бензиска станица – ова се дел од измените во законот за лекови и медицински помагала.
Лековите без рецепта, како што се аналгин и андол, освен во аптека да се продаваат во супермаркет и на бензиска станица – ова се дел од измените во законот за лекови и медицински помагала.
Така, според надлежните, лековите ќе бидат подостапни за граѓаните во руралните средини, а може да има и намалување на цените поради поголемата конкурентност.
-Следна крупна изведба која што ја предвидува овој закон е измената на секои две аптеки, на еден ланец на аптеки, задолжително мора да отвори една аптека во рурална област. Очекувам како резултат на оваа реформа да се отворат до 99 аптеки вели Никола Тодоров – министер за здравство.
Со новиот закон, вработените во бирото за лекови и нивните најблиски, не смеат да имаат аптека. Тоа ќе се однесува и на сопствениците на веледрогериите.
-Дел од вработените ќе бидат засегнати затоа што некој или од родителите или од сопрузите се техничари или фармацевти и кој што од порано имаат аптека во тој дел можно е да бидат засегнати, но тие аптеки сигурно не се отворени сега во моментот откако тие се вработиле во бирото за лекови изјави Катерина Алексовска – Директор на биро за лекови.
Фармацевтските комора и факултетот со забелешки за новото законско решение. Здравствените власти тврдат дека станува збор за европски концепт, кој долго време се применува и во САД.
{loadposition content9}