МВР
Лични документи ќе можат да се подигнат денеска во сите отсеци за управни работи на МВР
Од МВР ги известуваат граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3-ти мај 2024 година, се веќе изготвени.
| инфодеск | Македонија
За претседателските и парламентарни избори што се одржуваат денеска, Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08:00 до 19:00 часот. Од МВР ги известуваат граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3-ти мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат.