Љубов крунисана со брак со зурли и тапани и преку 30 народни обичаи
На 60-тата Галичка свадба својата љубов ја крунисаа со брак, младоженците Оливер Андреевски и Елисавета Булоска. Оливер е дипломиран етнолог и антрополог, а охриѓанката Елисавета дипломиран психолог и гешталт-терапевт. На зетот свадба во Галичник му била животна желба.
Младенците се венчаа во храмот Св. Апостоли Петар и Павле, во присуство на роднини, статисти во културно сценската манифестација и неколку стотини од земјава и странство.
На свадбата гости беа и претседателот Стево Пендаровски, кој е покровител на манифестацијата, со својата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.
Претседателот Пендаровски младенците ги дарувал со „галичка пафта“ – со мотив од галичка носија, посакувајќи им среќа, бериќет, љубов и хармонија во нивниот иден заеднички живот.
Манифестацијата е чувар на традицијата со изведување на преку 30 народни свадбарски обичаи во уникатни носии и со изведба на впечатливи ора на платото пред опеаната чешма Упија и пред црковниот храм „Св. Петка и Павле“, меѓу кои и неповторливото „Тешкото“.