Љупчо Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на АППТ
Тој преку својот профил на Фејсбук се заблагодари на туристичкиот сектор, медиумите, партнерите и меѓународните организации за соработката.
| инфодеск | Македонија
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски си поднесе оставка од функцијата.
Тој преку својот профил на Фејсбук се заблагодари на туристичкиот сектор, медиумите, партнерите и меѓународните организации за соработката.
„Историските резултати што ги постигнавме во изминатите 5 години говорат за нашата работа. Тоа што го затекнав пред 5 години и бројките што ги оставаме денес во некој следен подолг текст. Каква држава ќе изградиме во таква држава ќе живееме. Македонија мора напред.“ – напиша Јаневски во објавата на Фејсбук.
Функцијата директор во АППТ Љупчо Јаневски ја извршуваше од 2018 година.