Skip to main content

Манчевски на светска конференција на сценаристи во Атина

Најуспешниот македонски филмски автор Милчо Манчевски ќе учествува на првата Светска конференција на сценаристи, што ќе се одржи во петок и сабота во Атина, Грција.

Milcho Mancevski
Милчо Манчевски

Најуспешниот македонски филмски автор Милчо Манчевски ќе учествува на првата Светска конференција на сценаристи, што ќе се одржи во петок и сабота во Атина, Грција.

Milcho MancevskiКонференцијата се смета за историски настан затоа што за прв пат на едно место се собираат членовите на здруженијата од Европската федерација на сценаристи (која е организатор на настанот) и на Меѓународната асоцијација на писателски здруженија.

Според најавите, на конференцијата ќе учествуваат над 200 автори и претставници на над 20 илјади сценаристи од целиот свет.

Манчевски на конференцијата ќе има и свое излагање на панелот со тема “Дали пропадна независниот начин на филмска продукција”.

Тема на конференцијата е наоѓање соодветен одговор на сценаристите и авторите кон дигиталната револуција во филмската продукција и на влијанието на мултинационалните конгломерати.





{loadposition content9}