Магла на скопскиот аеродром
Маглата утрово пак го прекина редовното одвивање на авионскиот сообраќај од скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Маглата утрово пак го прекина редовното одвивање на авионскиот сообраќај од скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Според податоците од интернет страницата на „ТАВ“ утрово не полетале авионите за Белград, Виена и Загреб. Полетувањето за Лубек е пренсочено од Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, а полетувањето за Ајндховен е пренасочено на аеродромот во Приштина. Неизвесно е и полетувањето на авионите за Истанбул и Цирих.
На скопскиот аеродром утрово не слетале авионите од Виена, Барселона, Белград и Лондон.
Слабата видливост во Скопје предизвика и вчера попладне откажување на летовите за Лондон, Барселона и Истанбул. Вчера, во претпладневните часови, поголем дел од авионските летови беа пренасочени кон охридскиот аеродром, а дел беа и откажани.