Skip to main content

Македонците незадоволни од животниот стандард

Голем број Македонци се незадоволни од својот живот (46% – најмногу од сите земји во регионот), како и од нивниот животен стандард.

pazar
пазар
Голем број Македонци се незадоволни од својот живот (46% – најмногу од сите земји во регионот), како и од нивниот животен стандард.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Галуп Балкан Монитор, спроведена во земјите од западен Балкан.

Сепак, една третина од Македонците се изјасниле дека чувствуваат подобрување во економијата.

Учесниците во анкетата го осудија коруптивното однесување и се изјаснија дека се релативно задоволни од владините мерки во борба против организираниот криминал (49% се изјаснија дека се задоволни).

supermarketТројца од десет Македонци рекоа дека постојат шанси за нов вооружен судир во регионот (29%).

70% од Албанците во Македонија веруваат дека Охридскиот договор обезбедил долгорочно решение за етничките проблеми во Македонија. Од друга страна, само 30% од Македонците се согласија со ова.

Според 69% од Македонските Албанци, Македонија треба да влезе во НАТО и ЕУ, дури и по цена да го загуби своето официјално име, што е прифатливо за само 3% од Македонците (кои го сочинуваат мнозинското население).

Поголемиот дел од анкетираните припадници на двете заедници се согласија позитивно во врска членството во ЕУ – 84% од Албанците и 57% од Македонците.

 

 

{loadposition content9}