Skip to main content

Несреќа

Македонци повредени во сообраќајка кај Солун

Возилото во кое се превезувале повредените македонски државјани, под засега неутврдени околности излетало од коловозот.
 |  инфодеск  | 
Несреќа Солун

Петмина државјани на Македонија се повредени, но надвор од животна опасност во сообраќајна несреќа која околу половина час по полноќ се случила на патниот правец Игнација Одос, кај клучката Амфиполи Сер.

Возилото во кое се превезувале повредените, под засега неутврдени околности излетало од коловозот.

Како што јавуваат грчките медиуми, за извлекување на возачот, на помош била повикана противпожарната служба.

Сите патници, според информациите на грчките медиуми, се со полесни повреди. Причините за несреќата ги истражува Секторот за сообраќај Аспровалта.