Македонците ги сакаат кредитните картички
Бројот на кредитни картички во пораст, но расте и бројот на долгови по основ на картички.
Во 2013 та година, според податоците на Народната Банка во оптек биле повеќе од 1,5 милиони картички. Од нив повеќе од 1 милион се регистрирани како дебитни картички. Банкарите потврдуваат дека лани имало зголемен интерес за картички, но не само за кредитни туку и за дебитни. Каматните стапки за кредитни картички и негативните салда и натаму се сметаат за највисоки. Така на крајот од 2013 година каматата на ниво на банкарскиот сектор изнесува 10,7%.
Само за една година, или во 2013 во однос на 2012, бројот на новоиздадени картички се зголемил за речиси 50 илјади. Податоците на Народната Банка укажуваат на тоа дека лани е регистриран пораст кај дебитните и кај кредитните картички. Еве колку картички и од кој вид циркулирале во текот на 2013 година:
Вкупен број на картички 1 557 082
Дебитни картички 1 188 947
Кредитни картички 313 365
Кеш-картички 54 770
Споредбените податоци укажуваат на тоа дека во 2013 во однос на 2012 година, бројката на дебитни картички се зголемила за 32 385 а на кредитните картички за 17 490. Банкарите велат дека растот во овој дел од банкарскиот бизнис е очекуван.
{loadposition content9}