©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Словенија

Македонци украле 150 литри дизел од паркиран камион

Тројца македонски државјани пред неколку дена со помош на пумпа, украле околу 150 литри дизел гориво од камион кај местото Бивје, Словенија.
 |  инфодеск  | 
Дизел гориво Словенија

Изминатата недела, жител на словенечкото место Бивје забележал тројца сомнителни мажи како се врткаат околу паркиран камион „Сканија“. Почекал да види какви им се намерите, па ги фатил на дело како со пумпа крадат гориво од резервоарот, пишуваат словенечките медиуми.

Сведокот на кражбата веднаш повикал полиција, по што двајца од крадците биле веднаш уапсени. Третиот побегнал во блиската кафеана, каде се криел околу половина час, пред да биде фатен.

Според полицијата, тројцата македонци престојуваат во Словенија, а во нивните два автомобила, биле пронајдени туби наполнети со украденото дизел гориво.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top