Skip to main content

Е-здравство

Македонците не можат без диазепам

Платформата која ја изработи „Мој Термин“ со техничка поддршка од УНИЦЕФ и со финансиска помош од УСАИД ќе биде презентирана денеска.
 |  инфодеск  | 
е-здравство

Над еден милион и триста илјади (1357857) рецепти за диазепам биле издадени во 2022 година, според податоците од веб платформата Е-здравство. Платформата претставува дигитална база на сите достапни здравствени услуги на едно место, а ќе биде промовирана денеска.

Платформата Е-здравство содржи годишни извештаи но покажува и податоци во живо на дневна основа. Така, утрово до 10:30 часот издадени се 2200 рецепти дијазепам, 3000 рецепти за еналаприл за крвен притисок и 2 500рецепти метформин за дијабетес.


На платформата се наоѓаат податоци и за болнички приеми и хируршките интервенции во сите болници во Македонија.

Платформата која ја изработи „Мој Термин“ со техничка поддршка од УНИЦЕФ и со финансиска помош од УСАИД има посебен дел посветен на имунизацијата, со што им овозможува на родителите, старателите и на општата јавност пристап до сите информации за редовните вакцини за деца на едно место.

На презентацијата, како што е најавено, ќе се обратат министерот за здравство Фатмир Меџити и претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани.

Претседателката на Националниот комитет за имунизација д-р Александра Грозданова ќе зборува за делот за имунизација, а Елица Стојаноска, претставничка од „Мој Термин“, ќе ја презентира платформата „Е-Здравство“.