Македноците, први во подмитување
Од земјите од Западен Балкан, Македонија е на првото место по висината на митото што Македонците ја даваат на јавните службеници.
| | Македонија
Најголем износ на мито даваат Македонците, во просек од 1.212 евра, потоа Црна Гора – 470 евра, Хрватска – 410 евра, БИХ – 222 евра, Косово – 174 евра и Албанија – 103 евра, покажува истражување за искуството на граѓаните од Западен Балкан со корупцијата што го спровела Канцеларијата на Обединетите нации за борба против криминалот во сорабтока со Европската Комисија за минатата година.
Истражувањето покажува дека секој шести жител на Западен Балкан барем еднаш во последната година дал мито.
Од друга страна, во државава е забележан најмал процент на корупција, само 6 отсто, додека најкорумпирана земја од регионот е Босна и Херцеговина каде на корупција биле изложени 21 отсто од граѓаните. Во Албанија процентот на изложени граѓани на корупција е 19 отсто, во Хрватска и на Косово – 11 отсто и во Црна Гора – 9 отсто.
Но, она што е загрижувачки е непријавувањето на мито и корупција од страна на граѓаните. Така, 30 отсто од испитаниците рекле дека не пријавиле ваков случај затоа што “никој не води грижа“, 22 отсто сметаат дека митото е “вообичаена пракса“, а 18 отсто дека митото е “знак за благодарност“ и претставува “позитивна пракса“.
Мито пријавиле само 1,5 отсто од испитаниците, а истражувањето е направено на репрезентативен примерок од 28.000 граѓани.