Македонците, страствени пушачи
Се проценува дека еден човек годишно пуши по 2310 цигари или 115 кутии. Лекарите предупредуваат дека од вкупниот број смртни случаи на возраст од 35 до 69 години, 21% се како последица на пушењето.
Се проценува дека еден човек годишно пуши по 2310 цигари или 115 кутии. Лекарите предупредуваат дека од вкупниот број смртни случаи на возраст од 35 до 69 години, 21% се како последица на пушењето.
Тројца здравствени работници се фатени со цигара на работното место и бидејќи го прекршиле законот против пушење се соочуваат со прекршочни пријави. Од државниот санитарен инспекторат, кој годинава спровел 470 -тини теренски контроли се свесни дека законот против пушење не се почитува секаде, но очеуваат тоа да го прават барем оние што треба да ја подигнат свеста за штетноста на цигарите.
Во земјава половина од популацијата над 15 години се редовни пушачи. Се проценува дека еден човек годишно пуши по 2310 цигари или 115 кутии. Лекарите предупредуваат дека од вкупниот број смртни случаи на возраст од 35 до 69 години, 21% се како последица на пушењето.
Од таканаречената тутунска епидемија во светот годишно умираат речиси 6 милиони луѓе, од кои 600 илјади се пасивни пушачи. Целта на 31 мај, меѓународниот ден без тутун, е да се заштитат сегашните и идните генерации од употребата на тутун и изложеноста на чадот од него.
{loadposition content9}