Македонија атрактивна турстичка дестинација
Се поголем број Холанѓани, Белгијци, Германци, Британци, како и туристи од Србија, Турција, Албанија и Бугарија се одлучуваат да ја посетат Македонија и да се запознаат со природните богатства со кои располага.
Се поголем број Холанѓани, Белгијци, Германци, Британци, како и туристи од Србија, Турција, Албанија и Бугарија се одлучуваат да ја посетат Македонија и да се запознаат со природните богатства со кои располага.
Со растот на инвестициите во туризмот, а со тоа и добивање на поатрактивна туристичка слика, очекувањата се дека приливите од туризмот и во иднина ќе се зголемуваат – минатата година во буџетот биле инкасирани над 200 милиони евра.
– Туризмот е двигател на социо-економски развој. Има пораст на девизни приливи, има подобрување на платниот биланс, креирање на нови работни места и раст на инвестициите, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски.
Туристички агенции, хотели, тур-оператори, општини и градови од Македонија и земјите од регионот, на Саемот за туризам кој денеска беше отворен, ги промовираа своите понуди пред граѓаните. Освен аранжмани за разни светски дестинации, посебен акцент се става на домашните туристички центри како Охрид и Струга, а не изостанува ниту промовирањето на културно-историските споменици и етнографски вредности. Изградбата на патишта и хотели со поголем капацитет, според нив треба да бидат приоритет.
Новина на овогодинешниот Саем за туризам е и промовирањето на екстремните спортови. Туристите се почесто се одлучуваат да нуркаат во Охридското езеро, да јаваат коњи на Галичник, а не помалку се заинтересирани и за параглајдинг и велосипедизам.
– Дневна екскуризја со велосипед и велосипедска опрема чини 30 евра.
За туристите полесно да се запознаат со вредностите на Македонија, на Саемот ќе бидат презентирани и малите туристички објекти, како Музејот на вино во Демир Капија, најмалиот музеј во светот од Џепчиште и Сончевата куќа од Кратово.
{loadposition content9}