Македонија e дел од интернационалниот саем за туризам „Vakantiebeurs” во Утрехт, Холандија
Македонија повторно е дел од интернационалниот саем за туризам „Vakantiebeurs” што се одржува во период од 08 до 12 јануари 2025 година во Утрехт, Холандија.
–Холандскиот пазар кој е еден од првите и најлојални туристички пазари на Македонија е од значаен интерес за развој на туризмот во нашата држава, истакнуваат претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Учеството на саемот и промоцијата на македонскиот туризам индиректно придонесува за континуиран раст на бројот на холандски туристи во Македонија.
-Лојалноста во туризмот која најтешко се постигнува, Македонија на овој пазар и официјално ја постигна со тоа што успеа да врати по втор или трет пат холандски туристи кои имаат желба да посетат и други делови од земјава, освен најголемите туристички центри, се додава во соопштението од Агенцијата за промоција на туризмот.