Skip to main content

Македонија го одбележува Денот на Европа

Денот на Европската унија – 9 Мај, во Македонија се одбележува со голем број активности преку кои се приближува пораката на ЕУ до македонските граѓани и се запознаваат со приближувањето на земјата кон полноправно членство во Унијата.

logo
лого
Денот на Европската унија – 9 Мај, во Македонија се одбележува со голем број активности преку кои се приближува пораката на ЕУ до македонските граѓани и се запознаваат со приближувањето на земјата кон полноправно членство во Унијата.

Европа денеска го одбележува својот ден – 9 Мај, европски симбол, што заедно со заедничката валута – еврото, знамето и химната, го претставуваат политичкиот идентитет на Европската унија. На овој ден во 1950 година Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање на обединета Европа, како опција за одржување на мирот на со војните разурнатиот и поделен континент. Предлогот, попознат како „Шуманова декларација“, се смета за почеток на формирањето на она што го денеска го знаеме како Европска унија.

BalkanЕвропското движење на Република Македонија денеска организира Свечена академија на која на маестро Симон Трпчески ќе му биде доделена годишната награда за Европски придонес за 2008 година. Наградата традиционално се доделува за посебни заслуги за промовирање на Република Македонија и нејзината култура во Европа, како и за промовирање на европската идеја и вредности.
По повод Денот на Европа, денеска на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје ќе се одржи Отворен ден на ЕСРА, каде што ќе бидат промовирани новите ТВ и Аудио студија.
Асоцијацијата за култура ИКОН, пак, по повод роденденот на Европа, ќе одржи ликовна работилница, во која ќе учествуваат уметници од различна етничка припадност, со цел „спојување на различностите во едно заедништво“.

Во пресрет на Денот на Европа, вчера во центарот на Скопје беше одржан хепенинг „Денес тука, утре во Европа“, организиран од Мисијата на Европската унија во Скопје и општината Центар. На платото пред Домот на Армијата се обратија евроамбасадорот Ерван Фуере и градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ.

По повод Денот на Европа – 9 Мај, во рамки на европската кампања за претприемништво, вчера се одржа и Европски ден на претприемачот. Претприемачите, на конференцијата можеа да се запознаат со можностите што ги нуди Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија и услугите што можат бесплатно да ги добијат од нив, како и со можностите за пристап до финансиски средства.
 

{loadposition content9}