Македонија доби високи оценки од ЕК
Македонија доби високи оценки во извештајот на Европската комисија за подготвеноста на земјите од Западен Балкан за нивна визна либерализација.
пасоши

Според информациите, Македонија добила високи оценки во извештајот, структуриран од неколку блока, кој што е доставен до амбасадорите на земјите членки на ЕУ.
Највисоки оценки Македонија добила во делот на безбедноста на личните документи и фундаменталните права, додека една пониска оценка добила на полето на реадмисијата и нелегалната миграција и јавниот ред и безбедност.
Изворите посочуваат дека конечната одлука за тоа дали Македонија ќе влезе во шенген зоната ќе има на есен, откако во меѓувреме ќе поминат вообичаените процедури во Европската унија.
Доколку во Македонија биде воведена визна либерализација, македонските граѓани слободно би можеле да патуваат во Европа од 1. јануари 2010 година.

{loadposition content9}