Македонија ќе добие прва банка за донирано мајчино млеко
Банката ќе се отвори на почетокот на идната година, а ќе биде лоцирана во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. За таа намена Министерството за здравство одвои буџет од околу 5 милиони денари, пишува Вечер.

Како што велат од Министерството за здравство, мајчиното млеко е од непроценлива важност за новородените, а особено за болните и за предвреме родените бебиња, затоа со буџет од околу 5 милиони денари се планира да се реализира овој проект. Тие сметаат дека со отворањето на Банката за донирано мајчино млеко, ќе се спасат животите на многу новороденчиња.
И педијатрите се согласуваат со оваа идеја и сметаат дека тоа ќе биде достапно за сите деца на кои тоа им е потребно, бидејќи тоа е најздрав и најприроден начин на исхрана во првите месеци од животот. Тие укажуваат дека сите здрави мајки кои имаат вишок на млеко, можат да бидат донатори на оваа драгоцена течност.
{loadposition content9}