Македонија во документарец за британски мотоциклисти
„Патување кое се мери во пријатели наместо во километри“, е мотото со кое тимот на „Пат до Македонија“ ја најавува својата мотоавантура од Британија до Македонија.
| Маја Савиќ | Македонија
пат до македонија
„Пат до Македонија“ или оригинално „Road to Macedonia“ е приказна долга 8.000 километри, која ќе биде преточена во документарец за тројца британски мотоциклисти, кои во тешкиот пат низ новата Европска унија гледаат можност да се сретнат со старите пријатели, да ги запознаат различните култури и повторно да се откријат себеси.
– Нашата цел никогаш не е место, туку нов начин на гледање на работите – велат тројцата обични луѓе, кои ќе тргнат на необично патување за кое своите фанови и пријатели секојдневно ќе ги информираат преку сајтот roadtomacedonia.co.uk
Идејниот иницијатор на ова патување, кое ќе почне во јуни и ќе биде евидентирано во телевизиска серија од шест едночасовни епизоди снимани во висока дефиниција, е Пол Оксборо. Тој во својата 40-та година решава да тргне на пат кон земјата, која е многу посебна за него, Македонија. Пол работејќи низ Европа како филмски режисер и младински работник, решил повторно да се качи на мотоциклот и да провери дали се исплатело сето она на кое работел досега.
{loadposition content9}