Skip to main content

Македонија со двајца автори на венецијанското биенале

Македонскиот павилјон на 53. Биенале во Венеција, на кој ќе се претстават македонските уметници Никола Узуновски и Гоце Наневски, ќе биде отворен денеска.

logo
лого
Македонскиот павилјон на 53. Биенале во Венеција, на кој ќе се претстават македонските уметници Никола Узуновски и Гоце Наневски, ќе биде отворен денеска.

VenecijaУзуновски ќе се претстави со проектот „Моето сонце“, научно-уметнички проект во кој уметникот создава вештачко сонце.

Вториот македонски претставник уметникот Наневски ќе се претстави со инсталацијата „50 или 50“, составена од бројченици од апарати за точење бензин и посветена на можностите за различна интерпретација на течењето на времето.

Уметници од целиот свет ќе ги изложат своите дела до 7 јуни, во рамките на националните претставувања за стручната јавност и медиумите. На 7 јуни Биеналето ќе биде отворено за широката публика и ќе бидат соопштени наградените автори.

Педесет и третото издание на уметничкото Биенале во Венеција ќе биде затворено на 22 ноември.

{loadposition content9}