Skip to main content

Тим bluejays

Македонија европски шампион во Counter Strike

Репрезентацијата освои 10.000 долари на Европското првенство кое претходните неколку денови се организираше во романскиот град Орадеа.
 |  инфодеск  | 
Македонија европски шампион во кантер

Македонија ја одбрани титулата европски шампион во „Counter Strike: Global Offensive“ (CS:GO), откако ја победи Украина со 2 наспроти 1 во мапи. Македонската репрезентација, односно тимот „BLUEJAYS“ го освои Европското првенство откако победи на решавачката мапа „Vertigo“ со 16 наспроти 13.

Македонија изгуби на првата мапа, „Dust2“ со 5 наспроти 16, а потоа победи на мапата „Mirage“ со резултат од 16 наспроти 5.

Репрезентацијата освои 10.000 долари на Европското првенство кое претходните неколку денови се организираше во романскиот град Орадеа, од „Digital Crusade“ и Европската еспорт федерација.

Претходно, Македонија се натпреваруваше со четири репрезентации, односно против Луксембург, Шведска, Шпанија и Србија, и извојува победи над сите.

На европското првенство во Орадеа се натпреваруваа 16 тимови, а целокупниот награден фонд беше 25.000 долари.