Skip to main content

Македонија ќе го информира Нимиц за новиот преговарач

Македонија денеска официјално ќе го информира медијаторот во преговорите за името Метју Нимиц, за назначувањето на Зоран Јолевски за нов македонски преговарач.

Metju Nimic
Mетју Нимиц

 

Македонија денеска официјално ќе го информира медијаторот во преговорите за името Метју Нимиц, за назначувањето на Зоран Јолевски за нов македонски преговарач.

Указот за негово назначување денеска се очекува да го потпише шефот на државата Бранко Црвенковски.

Амбасадорот Зоран Јолевски викендов беше именуван за нов преговарач за името, во рамки на преговорите што се одвиваат под закрила на Обединетите нации.

vladaЈолевски најавил дека во тимот остануваат и досегашниот преговарач Никола Димитров, како и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протуѓер.

Со изборот на Јолевски се согласил и претседателот Бранко Црвенковски, кој бил телефонски информиран од страна на премиерот Никола Груевски за новиот преговарач.

Неговото назначување доаѓа во период на намалена дипломатска активност во однос на спорот со Грција, откако на 3 ноември претседателот Црвенковски неочекувано го разреши Никола Димитров од должноста.

 

{loadposition content9}