Skip to main content

Македонија ги исполни условите за укинување на визите

Македонија ги исполни условите за укинување на шенгенските визи за нејзините граѓани, додека во случајот со Србија се појавија „определени тешкотии“, јавува Би Би Си.

 |   | 
logo
лого
Македонија ги исполни условите за укинување на шенгенските визи за нејзините граѓани, додека во случајот со Србија се појавија „определени тешкотии“, јавува Би Би Си.

EvroparlamentAнонимни европски дипломати, на кои се повикува Би Би Си, изјавија дека во извештајот на Европската комисија што веќе и е предаден на Чешка, како претседавач на ЕУ, Комисијата во Брисел заклучила дека само Македонија ги исполнила сите услови за визна либерализација.

Од другите земји во регионот се вели дека Црна Гора, исто така, би можела да биде вклучена во „белата листа“ на земји чии граѓани патуваат во ЕУ без визи, но дека околу Србија “се појавиле проблеми”.
За Босна и Херцеговина и за Албанија е заклучено дека засега не ги исполнуваат условите за безвизен режим.

Според толкувањето на посочените европски дипломати, проблемот околу Србија се јавил по загриженоста на повеќе земји од ЕУ за тоа што право на српски пасош, а со тоа и на слободно влегување во Унијата, кога земјата ќе ја добие визната либерализација, ќе имаат и косовските Албанци, како и граѓаните на Република Српска, кои од порано се имаат изборено за правото за двојно државјанство.
За Србија е побарано и дополнително “техничко објаснување” за начинот на издавање, како и за безбедноста на српскиот пасош,пренесува Би Би Си.

{loadposition content9}