Skip to main content

Македонија испраќа 150 војници во Авганистан

Сто и педесет македонски војници денеска заминуваат во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.

ARM
АРМ
Сто и педесет македонски војници денеска заминуваат во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.

Во шестата ротација на мисијата во Авганистан АРМ испраќа и тројца штабни офицери, како тројца офицери кои ќе извршуваат задачи во рамките на тимот за обука и врски за потребите на Авганистанската национална армија (OMLT).

„Шкорпионите“ задачите ќе ги извршуваат во рамките на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство, каде што ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.

ARMМировниците на АРМ во Кабул ќе извршуваат сложени задачи како што се: целосно обезбедување на командата на ИСАФ, патролирање и обезбедување на воената база и објекти од витално значење за животот на населението во Авганистан, борбено обезбедување на комуникации и области и други задачи во зависност од потребите на мисијата.
На свеченоста по повод испраќањето на четата во касарната ,,Јане Сандански“ во Штип се очекува да присуствуваат: министерот за одбрана, Зоран Коњановски и Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски.

 

 

{loadposition content9}