Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Македонија ќе примени блок тарифи за ел. енергија

Тарифниот систем за користење на електрична енергија ќе ги претрпи најголемите измени од осамостојувањето на Македонија досега. Ќе се воведат таканаречени блок тарифи кои нема да важат за ефтината струја.
 |  инфодеск  | 
Електрична енергија

Македонија станува прва земја во регионот која ќе примени блок тарифи за користење на електричната енергија. Ова го кажа на прес конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси Марко Бислимовски.

Цената на највисокиот блок за домаќинствата ќе биде многу блиску до пазарната цена. Како причина за вовоедувањето на овие блоки тарифи, Бислимовски го наведе фактот дека 17 домаќинства во државата трошат 10% од вкупната потрошувачка на домаќинствата или 330 милиони Kwh или 30% од домашното производство од хидроелектраните во сопственост на ЕСМ.

Немаме против да трошат, колку сакаат ќе трошат, но тие домаќинства со енормна потрошувачка ќе плаќаат цена блиску до пазарната. Доколку си инвестираат во енергетско ефикасни уреди, се подразбира дека нивната потрошувачка ќе се намали. Македонија е земја која е енергетски сиромашна, во изминатиот период за жал и тоа што го имавме како ресурс, јагленот, се повеќе се намалува. И со оваа мерка ќе придонесеме да се намали потрошувачката на домаќинствата и да започнеме со рационална потрошувачка – вели Бислимовски.

Марко Бислимовски

Новиот модел, кој ќе биде изработен и врз базата на искуствата од останатите земји каде се користи, ќе биде димензиониран максимално да ги заштити потрошувачите со просечна потрошувачка. За нив ќе биде обезбедена пониска цена во однос на другите тарифи.

Дополнително ќе се знае бројот на блокови, дали ќе бидат три или четири, со цел да имаме поголем опфат на граѓаните со минимална потрошувачка, ранливи категории на потрошувачи и категории кои немаат друга опција за греење, објасни Бислимовски. Другите два блока ќе се со многу повисоки цени. Со помош на Електромашинскиот и техничкиот факултет се прават подлабоки анализи за структурата на потрошувачката кај домаќинствата.

Сите блокови ќе важат за сите, од тој аспект блок тарифите ќе важат сите. Ако некој потрошил 3000KWH, 1,2,3 ќе ги добие по цени за 1, 2,3 блок, нема ако направил 3000 Kwh целата потрошувачка да се тарифира по последниот блок – додава Бислимовски.

Електрична енергија

Се бара начин и за воведување на еден фиксен надоместок кој го плаќаат сите, кој се однесува за континуирано одржување на електричната мрежа во земјава. Без разлика дали некој живее или само неколку дена во годината ја користи услугата на мрежат, чија што цена ќе биде помала за оние кои константно трошат во однос, на оние кои имаат ништовна потрошувачка, пример лица кои се иселени, имаат викенд станови и куќи и слично. Треба да се знае дека не може товарот да падне на тие само што трошат електрична енергија континуирано, дециден е Бислимовски.