Македонија добива нов ски-центар Михајлово
Се вршат последните подготовки пред официјалното отворање на скијачкиот центар „Михајлово“ кое ќе се одржи на 1-ви јануари 2025 година. Од општината Кавадарци велат дека овој проект ѝ донесува на Македонија современ скијачки центар, сместен во срцето на Кожуф планина.
Покрај природниот снег кој изминативе денови го покри Михајлово и сеуште паѓа, се подготвува и дополнителен вештачки снег со топови. Со четири возила се чистат патните правци кон селата Страгово, Бохула,Чемерско, Михајлово и Мрежичко, со цел безбедно одвивање на сообраќајот за сите кои гравитираат во овие делови.
Овој скијачки центар ќе располага со ски-лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на 1 час, скијачки појас со капацитет од 800 лица, четири сезонски вртелешки, снежни топови и заштитна мрежа.
Првата ски-патека ќе го носи името „Македонија“.
Инвестицијата за овој центар се донација од 231.660,00 евра на Комерцијална банка и Кожувчанка ДОО.